Конечно решение за Х.пилори

Се проценува дека еден од двајца луѓе ја имаат, иако повеќето не доживуваат никакви проблеми. Дури и така, се смета за една од најчестите бактериски инфекции во светот и водечка причина за диспепсија, пептичен улкус (чир) и рак на желудник.

Преку уникатна еволутивна адаптација, Х. пилори е во можност да го избегне антисептично дејство на нашите стомачни киселини, криејќи се во рамките на дебел киселоотпорен слузен слој во ѕидовите на стомакот. Бактеријата се „лепи“ за шеќерите кои природно се наоѓаат во стомакот. Може да се спротивстави на обидите од страна на телото да се ослободи од неа, дозволувајќи им на патогените неказнето да се колонизираат.

Но, можеби конечно се појави решение. Истражувачи од  Факултетот за фармација, на Универзитетот во Нотингем ги идентификуваа молекуларните механизми кои адхезичните протеини на бактеријата ги користат за да се закачат за стомачните шеќери.

Моќните х-зраци откриваат посебен „ритам”

Идентификувањето на молекуларните интеракции кои го прават овој патоген толку успешен во таква остра животната средина, досега, не беше постигнато.

Наим Хег, истражувач кој работеше на овој проект, како дел од неговата докторска дисертација, вели: „Иако се’ уште е многу рано, наодите од оваа студија претставуваат возбудливи вести за пациентите”.

Со користење на исклучително моќни х-зраци, научниците ја анализирале интеракцијата помеѓу адхезичниот протеин „babA“ и „Lewisb“ шеќерите на гастричната слузница на атомско ниво. Тие откриле дека „BabA“ поседува специфичен ритам што му овозможува безбедно да се прикачи за „Lewisb“, со користење на мрежата на водородни врски (ист вид на интеракции кои ги држат молекулите на водата заедно).

Првиот возбудлив чекор

Истражувачкиот тим, исто така, покажа дека оваа мрежа е фино подесена – ако неколку од водородните врски се нарушени, мрежата не функционира. Увидот во молекуларните интеракции потребни за лепење е темел за идните истражувања и пронаоѓање на стратегии против лепењето. „Со лоцирањето на BabA, имаме конкретна цел и се надеваме дека ќе можеме да ја искорениме бактеријата, без да влијаеме на другите добри бактерии во нашата нормална флора. Ако е успешна, оваа терапевтска стратегија, исто така, ќе биде исклучително корисна за лекување на инфекции со Х.Пилори, кои се веќе отпорни на антибиотици”– истакнуваат истражувачите.

Истражувањето е објавено вчера, 14 август 2015 година, во престижното научно списание „Science Advanced“.

 

Поддржете ја нашата работа: