Дали „gaydar“ ќе стане алатка во реалноста?
Алгоритмот кој наводно знае да ги одвои хомосексуалците од хетеросексуалците врз основа на изгледот на лицето, е предмет на студијата од Универзитетот Стенфорд, а истата предизвика бурни реакции од страна на медиумите. За работата да биде поинтересна, студијата сеуште не е официјално објавена, а веќе доживеа и осуда дека „junk науката“, е без етика и потенцијално опасна. На прашањето, дали редакцијата поради реакциите на јавноста сепак ќе ја повлечат објавата во списанието Journal of Personality and Social Psychology, одговорот изгледа е не.
За што поточно станува збор?
Студијата која потекнува од престижниот Универзитет Стенфорд претставува алгоритам кој ги разликува лицата на луѓето. Хомосексуални од хетеросексуални. Фотографиите кои научниците ги користеле се лични кои припаѓаат на корисници на “dating” страници. На ваквите фотографии им била давана сексуална ориентација која самите корисници ја имаат напишано за себе. Севкупно, користени се 35 000 фотографии од лица на 18-40 годишна возраст. Резултат на се бил софтвер кој според цртите на лицето откривал дали станува збор за хомосексуалец или не.
Алгоритмот се покажал како точен во 81% од случаите кај мажи, и 71% кај жени. “Лицата на геј луѓето често се родово-атипични. Геј мажите имаат построги вилици и подолги носови, а лезбејките имаат поголеми вилици”, може да се чуе од групата научници.
“Студијата ги занемарува големите сегменти на ЛГБТ заедницата, што вклучува темни лица, трансродови лица, бисексуалци, лица на постара возраст и припадници на наведената заедница кои не користат вакви страни и не ги објавуваат своите фотографии. Тие непромислени резултати би можеле да служат како оружје против хетеросексуалците кои се непрецизно прикажани, но и против хомосексуалците за кои јавното изнесување на нивната сексуална ориентација би можела да претставува опасност”, стои во соопштението на здружението Glaad.
“Технологијата не може да идентификува нечија сексуална ориентација. Нивната технологија го препознала моделот кој нашол мала подгрупа на бели хомосексуалци и на веб-сајтови што изгледаат слично“, додава Џим Халоран од здружението Glaad.
Асоцијацијата за човекови права (HRC) смета дека “Стенфорд треба да се огради од оваа “џанк наука”, наместо да го стави своето име и кредибилитет врз една студија која е опасна и го прави светот полош и помалку сигурен”.