Крвавите сплавови на Антарктикот кријат бизарна тајна

Крвавите сплавови на Антарктикот со право го носат таквото име. Далеку на југот на нашата планета, белината на глечерот Тејлор ја краси црвенило па изгледа како самиот лед да крвари. Железото во водата кое во контакт со воздухот оксидира и им ја дава на сплавовите нивната препознатлива црвена боја доаѓа од длабочините под мразот, пишува New Scientist и додава дека за целосниот процес помагаат микробите од водата.

“Оваа вода не е само уникатен феномен. Тоа е вратата на подземниот свет на Антарктикот “, вели Џил Микучки од Универзитетот во Ноксвил. Интересно е тоа што научниците претходно открија течна вода во мразот, но ова е прв пат да се сигурни дека откриле вистински резервоари во Земјата. Самите крвави сплавови се неверојатно ретка појава и се случуваат неколку пати во десетлетие. Научниците веруваат дека водата излегува на површината поради промените во количеството на мраз што доведува до промена на притисокот на теренот.

Истражувачите сега откриле дека под стотина метри мраз можат да постојат системи за подземни резервоари на вода. По истражувањето на одредени физички карактеристики со помош на сензори, заклучиле дека под површината на мразот на околу 100 до 200 метри се наоѓаат огромни резервоари за вода. “Ова е дефинитивно најмалку истражуван компонента на вода на планетата, бидејќи се наоѓа под мраз”, вели Slawek Tulaczyk од Универзитетот во Калифорнија.

Таа вода е студена, длабоко закопана и дури два пати посолена од околното море, но како што покажуваат крвавите сплавови, доста веројатно е богата со живот. Таа вода би можела да биде објаснување за богатиот живот во крајбрежниот појас на Јужниот океан. Се претпоставува дека бројните микроби излегуваат на површината и таму разградуваат илјадници тони железо од карпите што доведува до раст на алги и риби.

Сепак, како што предупредува Марк Мур од Универзитетот во Саутемптон, тој процес сеуште не е дефинитивно докажан и можно е да постојат многу поедноставни објаснувања од длабинските извори на вода.

Поддржете ја нашата работа: