Лек против ќелавост

Алопеција ареата (Alopecia areata) е автоимуно заболување кое се манифестира со опаѓање на косата, а понекогаш и со деформитети на ноктите, што се јавува кога имуниот систем на телото ги напаѓа фоликулите на влакната. Иако заболувањето е широко распространето, пронаоѓањето на ефикасен лек досега одеше споро.

Првиот ефикасен третман за АА го предложија дерматолозите од Медицинскиот центар при Универзитетот Колумбија. Нивното истражување покажува дека лекот „ruxolitinib“, кој се зема орално, може да помогне во лекувањето на пациентите со ова заболување.

Дерматолозите постигнале неверојатен резултат од 92 проценти на повторен раст на косата кај дванаесет пациенти со умерена до тешка форма на АА. Третманот траел три до шест месеци, при што лекот „ruxolitinib“ бил користен во доза од 20мг, два пати дневно. Кај девет од дванаесетте пациенти добиени се извонредни резултати, со повторен раст на косата од над 50 проценти во текот на терапијата.

Кај третина од пациентите постигнат е забележителен раст на косата и во периодот откако е завршено лекувањето. Според извештајот од  дерматолозите ,кај пациентите не се забележани никакви сериозни несакани ефекти.

back-of-head2-1168x507

Лекот „ruxolitinib“ претставува инхибитор на Јанус киназа (JAK), кој функционира преку  повторно „будење“ на фоликулите на влакната со тоа што ги блокира воспалителните сигнали.

„Иако нашето истражување е мало, тоа обезбедува клучни докази дека ЈАК инхибиторите може да претставуваат првиот ефикасен лек против алопеција ареата. Ова се охрабрувачки вести за пациентите кои се соочуваат со физичките и емоционалните ефекти од оваа автоимуна болест“- вели во извештајот д-р. Џулијан Мекеј-Виган, вонреден професор и директор на дерматолошкиот истражувачки центар при Универзитетот Колумбија.

Поддржете ја нашата работа: