Летечки костум како оној на Ајрон мен

Британскиот иноватор Ричард Браунинг направил костум за летање што потсетува на познатиот суперхерој Ајрон мен.

Овој изум кој е наречен „Daedalus suit“ ( костумот на Дедал) има мали млазни мотори на рацете, нозете и на грбот. Се придвижува со помош на многу запаливо гориво кое е сместено во посебен дел на костумот. Покрај ова, има и специјално дизајнирана кацига која ги прикажува основните податоци за летот, нивото на гориво и за работата на моторите.

Летањето го овозможуваат моторите на рацете низ кои силно дува топол воздух.

За изработка и тестирање на костумот на Браунинг му биле потребни 12 месеци пред да поднесе барање за патент на технологијата. За оваа цел Браунинг за основал компанијата „Gravity” и склучил партнерство со Ред Бул, кој поддржува разни ентузиастички потфати.

Костумот се разбира има „Wi-Fi“  „Bluetooth“  конекција за да може да се овозможи пренос на социјаните мрежи.

Погледнете како изгледа летањето на Брауинг

Поддржете ја нашата работа: