Левучарите се подобри математичари од десничарите?

СПОДЕЛИ

Леонардо да Винчи, Марк Твен, Моцарт, Марија Кири, Никола Тесла, Аристотел, а денес и Бил Гејтс, Лионел Меси, итн. Сите овие се добро познати левучари. Повторно се истражуваат старите тези за талентот на левораките луѓе. Пред повеќе од 30 години, една студија покажа дека стапката на левучарите меѓу талентирани студенти по математика е значително поголема отколку кај десничарите.

Неколку научници тврдеа дека леворакоста дури може да има штетни ефекти по општата когнитивна функција и на академското достигнување. Исто така друго истражување покажало дека левучларите се застапени помеѓу лица со интелектуални потешкотии. Трета голема студија пак, покажала дека левучарите постигнале послаби математички резултати кај деца од 5-14 години.

Интересно е тоа што претходните студии се разликуваат една од друга, во начинот на методи и категоризација на учесниците. А што е најважно, имале различен пристап во мерењето на математичките способности – од едноставно аритметичко до сложено решавање на проблемот. Овие различни одстапки во методите можат да бидат причина за измешани резултати.

Со цел да се добијат релевантни резултати, научниците одлучиле да спроведат цела низа на експерименти, со вклучување на повеќе од 2300 ученици од основно и средно образование. Овие експерименти се разликувале по видот и тежината на математичките задачи. Употребиле класичен прашалник кој ги прашува учесниците која рака ја преферираат за пишување, цртање, фрлање и друго.

Резултатите покажуваат дека левучарите ги надминале останатите учесници кога задачите вклучувале тешки проблеми, како поврзување на математички функции со сет на податоци. Но кога задачата не била тешка, како што е случај во едноставна аритметика, немало разлика помеѓу левучарите и десничарите.

Оваа студија покажува дека навистина доминантната рака може да биде показател за поврзаноста на хемисферите во мозокот, и дека во одредена мера влијае на сознавањето. Но, на пример, само третина од лицата со развиена десна хемисфера во мозокот се левучари. Така многу десничари имаат слична структура на мозокот со левучарите. Поради тоа мораме да бидеме внимателни при тумачење на резултатите.

Дискусија

Коментари