Лоциран изворот на мистериозните радио сигнали од далечната вселена

Веќе 10-тина години, астрономите детектираат необични извори на радио бранови со висока енергија, од далечните делови на вселената. Секоја трансмисија на овие т.н. „fast radio bursts” (FRB), за краток момент оддава енергија на милиони ѕвезди, за во дел од секундата да се изгуби. Се досега, изворот на овие моќни сигнали беше мистерија за научниците.

„Не знаеме каков тип на објект ги создава“, признава астрономот Кит Банистер, од Научната и индустриската истражувачка организација (CSIRO) во Австралија. „Навистина немаме поим – додека пукнете со прстите, тие веќе се појавиле и исчезнале“.
Астрономите за прв пат го детектираа овој феномен во 2007 година, користејќи го австралискиот радио телескоп Паркерс и, досега забележале повеќе од 20 нови појави. Мистеријата за нив прерасна во една од најжешките теми во астрономијата.

Оваа недела, истражување објавено во магазинот „Nature“, за прв пат ја идентификува локацијата од која потекнуваат овие бранови. Интернационалниот тим, го искористил гигантскиот радио телескоп Арекибо во Пуерто Рико, во комбинација со радио телескопи од Мексико и Европа, за да го утврдат изворот на сигнал: мала галаксија, оддалечена од Земјата околу 2.5 милијарди светлосни години.

p04nk0mt

Сепак, иако е пронајден изворот, најважното прашање останува мистерија – што всушност го предизвикува овој феномен? Постојат неколку хипотези кои се обидуваат да дадат одговор на ова прашање, но останува фактот дека истражувањето на вселената е се’ уште една од најголемите авантури на човештвото.

Поддржете ја нашата работа: