Љубителите на книги поседуваат поголема емпатија

Една нова студија вели дека оние кои редовно читаат книги и уживаат во нив, особено научна фантастика, се всушност духовити луѓе со високо ниво на емпатија.

Студијата, спроведена од страна на Универзитетот Кингстон во Лондон, и презентирана на психолошко-општествената конференција во Брајтон, Велика Британија минатата недела, исто така покажува дека луѓето кои ретко читаат, а поголемиот дел од денот го поминуваат пред малите екрани, имаат значително пониско ниво на разбирање за другите луѓе.

За потребите на студијата, истражувачите прашале 123 лица за нивните преференции за книги, ТВ емисии и драми. Тие исто така биле прашувани за нивниот вкус, видот на забава кој го претпочитаат, од комедија или романса до драма и трагедија.

Потоа биле тестирани нивните меѓучовечки вештини, со тоа што истражувачите ги прашувале за нивното однесување кон другите, без разлика дали се потпираат на нивните чувства, разбирање или почит, и дали редовно им помагаат доколку им е потребна помош.

Врз основа на нивните одговори, истражувачите откриле интересни резултати. Тие откриле дека оние кои читале повеќе книги покажале поголемо позитивно социјално однесување и подобра способност да се соживуваат со другите, додека оние кои преферирале ТВ емисии не ја покажале истата способност за емпатија и имале зголемено ниво на антисоцијално однесување.

“Наодите ги поддржуваат претходните докази дека изложеноста на фикција се однесува на повисоко ниво на емпатија кај луѓето, сепак сите форми на фикцијата не се еднакви. Врските помеѓу вештините за емпатија, медиумите и жанрот се разминуваат.” вели лидерот на студијата Роуз Тарнер.

Студијата ни дава до знаење дека склопот од жанрови се поврзани со социјалните вештини на одредена личност, но оние кои претпочитаат научна фантастика покажуваат најпозитивно однесување. Љубителите на романса и драма се емпатични, додека лицата кои сакаат повеќе комедија не се во можност да го достигнат тоа ниво.

Потребни се понатамошни истражувања на оваа тема, но во меѓувреме земањето книга во рака не може да боли, туку само може да го направи светот подобро место за живеење.

Поддржете ја нашата работа: