„Магнетен менувач“ без лагери и запчаници


Истражувањето е спроведено под покровителство на „MAGDRIVE“ , европски истражувачки проект, координиран од професорот Хозе Луис Перез Дијаз, во кој учествуваат седум европски нации.

Се работи за магнетен редуктор -тоа е механизам што ја трансформира  брзината од влезната оска во друга – до надворешната оска (како запчаникот на велосипедот или менувачот кај автомобилите). Но, за разлика од конвенционалните менувачи, овде, благорарение на магнетизмот, трансмисијата се остварува без контакт помеѓу деловите.

Една од главните придобивки е тоа што нема абење на деловите. Со тоа и подмачкувањето станува непотребно. Ова го продолжува работниот век на уредот многу повеќе од конвенционалните менувачи , а функционира и на  екстремно ниски теператури. Системот работи дури и во случај на преоптоварување. Кога оската е блокирена, деловите едноставно  се „лизгаат“ еден со друг, но не запираат. Покрај тоа се создава многу помалку бучава, намалени се вибрациите и возможна е „трансмисија низ ѕид“,  нагласуваат истражувачите.

Покрај бесконтактната трансмисија и оските се исто така безконтактни. „Ова е прв пат во историјата и влезната и излезната  оска од редукторот да не се допираат , а механизмот да работи со 3 000 вртежи во минута и на екстремно ниски температури“, вели водачот на истражувањето Хозе Луис Перез Дијаз.

Иако главната цел на проектот „MAGDRIVE“ е да создаде прототип што ќе може да  се користи во екстремни услови во вселената , направен е уште еден прототип кој може да се употребува при собни темпераури.

Прототипот наменет за употреба во екстремни услови , може да функционира на температура од  -210 степени целзиусови и во услови на вакуум.


Овој механизам може да најде голема примена: од роботските раце до антенските позиционери,  каде што е потребна голема прецизност во движењата , или каде што загадувањето од лубрикантите не е пожелно кај возилата, каде што заради екстремните температури или отсуството на притисок се скратува животот на конвенционалните механизми – како што е случајот со теренецот што треба да биде испратен на Марс.

Вториот прототип кој се користи при собни температури , може да најде примена секаде каде што се користи механичкиот менувач –  железницата, нафтената индустрија или механиката и производството во целина. Бидејќи нема присуство на масло за подмачкување , може да најде примена и во фармацевтската индустрија , биомедицината и во индустријата за преработка на храна каде хигиенските барања се многу строги.

„И покрај тоа што примарната цел на овој проект беше прототип  наменет за екстремни услови , несомнено е дека вториот прототип може да има најголемо влијание и индустриска примена“- заклучуваат истражувачите.

Дел од истражувањата, меѓу другите, се објавени во „Journal of Engineering Tribology“

Во моментов се анализира примента на овие системи во различни индустриски области.

Поддржете ја нашата работа: