„Мајкрософт“ ќе овозможи евтин интернет за 600 илјади индиски села

На прес-конференцијата што се одржа оваа недела, премиерот на Индија изјави дека ова се наоѓа на вровот на агендата, при што пристап до интернет ќе добијат и многу училишта и колеџи.

Бидејќи овозможувањето на интернет во сечиј дом во тие 600 илјади села не е баш изводливо, владата ќе основа заеднички услужни центри каде што секој ќе може да си дозволи да се поврзе на интернет.

Иако деталите за тоа како „Гугл“ и „Мајкрософт“ ќе го направат ова допрва треба да се објават, се претпоставува дека ќе се направи на истиот начин на кој „Мајкрософт“ и претходно овозможи интернет за африканските села – искористувајќи го она што е познато како бел простор на спектарот, односно дел од спектарот на телевизијата кој ТВ станиците повеќе не го користат, па може да се модифицира за да се испраќаат податоци со големи брзини на големи растојанија. Деталите се очекуваат во текот на неделава.

Поддржете ја нашата работа: