Макијавелистичка состојба на умот

. За остварување на овие само-наградувачки цели, повеќето од нас  користат стратегија мило за драго,  учествувајќи во добротворни и социјални реципроцитетни активности . Сепак, постои еден мал процент од населението, познати под називот макијавелисти  кој се „подесени“да користат предавство и ниски удари за да ги исполнат нивните себични цели. Една студија објавена во списанието „Brain and Cognition“, детално го разгледува овој феномен.

Николо Макијавели e италијански писател од 16 век и дипломат, кој беше познат по измамничкиот ум и трикови. Оние со макијавелистичка состојба на умот имаат тенденција  да ги искористуваат другите во социјална ситуација за своја лична добивка. Ова се случува дури и кога тие се соочуваат со фер и соработливи лица.

Тамас Берецкеј и неговиот тим од Универзитетот во Печ  ги скенирале мозоците на луѓе кои постигнале  висок скор на скалата за макијавелизам,  додека  играле четири-фазна  игра на доверба и пари , со цел да ги следат нивните процеси на донесување одлуки за искористување на другите. Вкупно 150 учесници  со висок и низок скор , ја одиграле играта  неколку пати со различни партнери.

Очекувано , тие завршиле со повеќе пари на крајот на играта. Истражувачите ова го пришишуваат  на разлика во мозочната активност.

Со користење на ФМРИ техники, кога  нивните партнери биле фер, кај  макијавелистите  е регистрирана невообичаено висока активност во мозочните области кои се вклучени во инхибицијата, вклучувајќи го и дорзолатерално префронталниот кортекс  (се наоѓа во предниот дел на мозокот), и креативноста, односно средниот темпорален гирус ( се наоѓа во близина на ушите). Ова укажува дека макијавелистите го кочат природниот  инстинкт да возвратат соодветно на  праведноста и ја контролираат секоја  емоционална реакција при одредувањето на тоа како да ги искористат предностите на нивниот партнер, во исто време.

Значи, зошто некои луѓе се себични?

Едноставно, тие се програмирани  да бидат такви. Слична студија објавена во списанието „Personality and Individual Differences “во 2012 пронајде дека макијавелистите  имаат повисока мозочна активност во споредба со контролната  група  во неколку области на мозокот. Истражувачите укажуваат  овие лица имаат одредени когнитивни и социјални вештини за прилагодување на предизвиците во  нивните социјални средини. Со други зборови,  тие се секогаш во потрага по можности за искористување на  другите луѓе.

Доколку се прашувате дали ги имате овие макијавелистички црти на личност, проверете овде.

Поддржете ја нашата работа: