Маријанскиот ров: Најмистериозното место на светот

Најмистериозното место на светот, длабоко дури повеќе од 11 километри, крие разни тајни и суштества со кои до ден денес не се имаме сретнато.

Маријанскиот ров е субдукциска зона. Оваа област, во која Тихоокеанската тектонска плоча се впушта под Филипинската плоча, се наоѓа на западната страна од Тихиот океан, околу 400 км. југоисточно од островот Гуам. Се протега кон југ и продолжува кон Изу Бонин на север и Јап на југ. Наречен е по островот Маријан, кој се наоѓа на околу 100 км. кон запад. Маријанскиот ров е долг 2542 километри, а широк 69 км.

Најдлабоката точка на океаните е истражувана само неколку пати, бидејќи во тој простор се наоѓаат суштества кои човекот досега ги нема откриено. Особено е интересен поради својата биологија и геологија. На самото дно на Маријанскиот ров, температурата на водата е многу ниска, а притисокот е премногу висок. Притисокот на водата на дното на ровот е околу 1,125 кг. по квадратен сантиметар.

Маријанскиот ров е мерен во неколку наврати, а само четири пати неговото дно. Првото нуркање се одржало на 23.01.1960-та година. Првите нуркачи кои го допреле дното се Жак Пикард и Дон Волш, а потоа подморниците Каико во 1996та и Нереус во 2009та година. Познатиот режисер Џејмс Камерон е последниот кој го допре дното на Маријанскиот ров на 26.03.2012-та година.

Поради малиот број на истражувања на дното, оваа област е многу малку позната. Топографијата во минатото се истражувала со спуштање на тег на јаже и мерење на достигнатата длабочина. Дури за време на Втората светска војна е развиена техника за акустични мерења на длабочината со помош на ехо-лот, а подоцна со сонар. Таа нова техника за мерење се базира на мерење на времето кое е потребно за да се одбие звукот од дното и да дојде до бродот.

Предавателот, прикачен на бродот емитувал звучен сигнал кон дното, кој после рефлексијата се враќал како ехо од дното кон бродот. Длабочината на водата се пресметувала од времето на доцнење на ехото. На почетокот тоа време се мерело рачно, а грешките биле големи. Денес длабочината на водите се мери на ист начин, но со многу поголема прецизност поради напредната компјутерска технологија.

Светлината патува околу 1000 метри до океанот, па затоа повеќе од 90% од Маријанскиот ров е во целосна темнина. Ова отсуство на светлина создава животни со див изглед, кои изгледаат како од друга планета. Со деталното истражување на Маријанскиот ров, истражувачите заклучиле дека геологијата и биологијата на овој простор се неверојатни.

Освен корали и риби, научниците имаат пронајдено многу нови и неистражени видови. Сондите, помеѓу другото успеале да документираат нови видови на медузи, прозирен октопод и морски сунѓер, долг повеќе од 3,3 метри, широк 2 метри и висок околу 1,5 метри.

Една студија од 2016та година го истражуваше звукот со траење од 3,5 секунди, што беше снимен од автономна подморница длабоко во Маријанскиот ров, кој го претстави новиот тип на повик од беззаби китови, за кој научниците велат дека е единствен нискофреквентен. Истиот тој звук е снимен повеќе пати во периодот помеѓу есента 2014та и пролетта во 2015та година.

Едно друго истражување од 2016та година пак, во кое беше вклучена подморницата NOAA-‘National oceanic and atmospheric administration’, на длабочина од 3500 метри пронајде сосема нов облик на медуза.

Во 2014та година е пронајден нов вид на риба на дури 8145 метри длабочина. Оваа риба е исклучително кревка, има големи перја кои наликуваат на крилја, а нејзината глава изгледа како куче. Ова видео е направено од страна на научници од Шкотска во текот на триесетдневната експедиција. Една риба од новите видови е Liparidae – фамилија која живее во големи длабочини. Пронајдени се и огромни ракови, кои се нарекуваат морски инсекти, а се поголеми од 30 сантиметри.

Уште едно интересно животно пронајдено во овој ров е Deep Sea Anglerfish. Името го добило по издолжената ‘рбетница која се придржува до орган што произведува светлина и го користи како мамка за да го привлече пленот. Откако пленот ќе биде уловен ги користи огромните заби, убива и се храни.

Deep Sea Dragonfish е див предатор кој живее на длабочина до 5000 метри. Ова животно е долго 15 сантиметри, и не може да убие човек. Името го добило поради сличната анатомија на кинескиот змеј.

Fanfin Seadevil е уште еден вид на Anglerfish рибата, но за разлика од неа не користи светло за да го фати својот плен. Целосно е црн, мажјаците се големи околу 4 сантиметри, а женките 20 сантиметри.

Во видеото подолу ќе откриете уште неколку интересни видови кои се кријат во Маријанскиот ров.

Поддржете ја нашата работа: