Мартин Саздов e првиот Македонец што ќе се натпреварува на „Dota International 2016“

Moжеби македонските ракометари и фудбалери се заглавени во постојаните обиди да го „подобрат“ својот пласман, но додека тие сонуваат за интернационални турнири, во е-спортот го имаме првото деби.

Мартин Саздов, познат како Saksa, е еден од најдобрите „Dota 2“ играчи во светот, и заедно со својот американски тим „Digital Chaos“ ќе се натпреварува на овогодинешниот „Dota 2 International 2016“. Доколку не следите е-спорт, „Dota 2 International“ е пандан на Светско клубско првенство. Најдобрите тимови од сите континенти најпрво играат на континентални квалификации, па потоа се натреваруваат со победниците од останатите континенти. Овој турнир кој се очекува да има награден фонд од 20 милиони долари (наградниот фонд „Valve“ ги собира преку продажба на „Compendium“ од кој 25 отсто одат во фондот), е еден од најголемите е-спорт турнири во светот кој го следат десетици милиони гледачи.

Mинатогодишен победник на „International“ е тимот на „Evil Geniuses“, кој исто така доаѓа од САД.

Целосниот текст со неколку интересни видеа е изработен од авторот Дејан Соколоски и е објавен на интернет порталот it.mk

 

 

Поддржете ја нашата работа: