Материјалот кој ќе направи сами да се крпат уличните дупки

Новите материјали во иднина би можеле значајно да ги променат патиштата. Со помош на челик и бактерии би можеле да бидат посигурни и потрајни бидејќи ќе се крпат сами од себе.

Како што видовме дека новите мобилни телефони доаѓаат со пластика која се поправа сама од себе и ги брише гребнатините, научниците користат сличен рецепт со цел да направат материјали кои во иднина ќе ни ги решат проблемите со дупките на патиштата.

Еден од начините е додавање на челични влакна во асфалтот, што може да ги закрпи малите дупки со топлина. Но тука станува збор за посебна бактерија во бетонот која би можела да ги затвора пукнатините веднаш штом ќе се отворат. Сето ова ќе ги направи улиците посигурни за возење.

Ерик Шланген од Универзитетот во Делфт во Холандија работи на асфалт со челични влакна кој би се поправал со поминување на машина со електромагнетна индукција. Тоа би го загреало соединението и затворило пукнатина, а ваквиот начин на поправка на улица нема да бара затворање на патишта и крпење.

Шланген својата метода ја тестира на 12 различни улици, а најстарата е отворена во 2010 година. Тој вели дека ќе поминат уште неколку години за да се види разлика, бидејќи обичниот асфалт е добар околу 7 до 10 години. Иако тој асфалт е околу 25 отсто поскап, улиците би биле двојно поиздржливи, што на една држава и заштедува околу 90 милиони евра годишно. Друга предност на челичните влакна е тоа што улицата станува проодна и може да се користи за полнење на електрични автомобили – предност која во иднина ќе се тестира.

Друг вообичаен материјал во патиштата е бетонот, кој лесно пука, поради што се додаваат челични шипки за да стане посилен, меѓутоа, при пукање на бетонот вода или сол од хемикалиите против мрзнење влегува во пукнатините и предизвикува корозија на железото што оштетува цели бетонски конструкции.

Еден од начините за борба против ова е додавање на бактерија која не е штетна за општеството, а произведува калциум карбонат и на тој начин ги пополнува пукнатините откако ќе се појават. Шланген објаснува дека бактериите во природата можат да живеат повеќе од 200 години, поради што и неговиот тим развил техника која сака да се примени со цел да се надживее животниот век патиштата и другите конструкции.

Поддржете ја нашата работа: