Дали мажите се „програмирани“ да зјапаат во други жени?

Повеќето жени сигурно ги фатиле своите мажи како лутаат со очите кога ќе помине некоја атрактивна жена. Не е важно колку моногамен и верен, секој визуелно стимулиран хетеросексуален маж е „природно програмиран“ да сака повеќе од една жена.

Денис Прагер, зборува за онлајн не-акредитираната академска институција „Prager University,“ и тврди дека привлечноста на мажот кон телото на жената е вградена и се должи на еволуцијата.

„Дури и мажите кои се во среќни врски ќе најдат некоја жена која ќе ја сметаат за попривлечна од својата девојка“- вели тој во своето видео „He Wants You“.

Според Прагер, мажите се склони да гледаат во други жени само поради тоа што тие се жени. Меѓутоа, иако тие се возбудуваат на други жени, ова не значи дека тие се незадоволни од своите партнерки.

Изјавите на Прагер може да делуваат смешно но, сепак тие се научно поткрепени. Едно истражување од 2013-та година објавено во весникот „Archives of Sexual Behavior“ покажува дека за разлика од жените, мажите преферираат лица кои никогаш не ги виделе кога станува збор за визуелна стимулација. Мажите ги рангирале овие жени за помалку атрактивни кога ги виделе по втор пат.

Истражувачите сметаат дека причината може да биде тоа што мажите еволуирале да го зголемуваат нивниот репродуктивен успех со парење со колку што е можно повеќе партнери, што го објаснува „ефектот Кулиџ“ за тоа зошто мажите се повеќе возбудени од идејата за нов сексуален партнер од жените.

„Мажите се „природно програмирани“ да сакаат разновидност, навистина бесконечна разновидност“ – вели Прагер.

Сепак, тој ги уверува несигурните девојки дека доколку нивниот дечко е лојален, немаат за што да се грижат. Тие треба да сфатат дека мажите ги гледаат жените, но откако тие се надвор од видот, тие се надвор и од умот.

„Тој ве сака вас, повеќе од било кој друг на светот. И доколку не ми верувате на мене, прашајте го него“- вели Прагер.

Погледнето го видеото подолу:

 

Поддржете ја нашата работа: