Медитеранската диета може да има траен ефект врз мозокот

Една нова студија покажува дека постарите луѓе кои ја следат медитеранската диета, ја задржуваат количината на сива маса во мозокот во текот на подолгорочен период од три години, отколку луѓето кои не ја практикуваат оваа диета. Спротивно од претходните студии кои и даваат голема важност на исхраната врз база на риба и помалку месо, не е поврзана со промени во мозокот.

Медитеранската диета вклучува големи количини на овошје, зеленчук, маслиново масло, грав и житарки, како и пченица, ориз, умерено количество на риба, млечни производи и вино, како и ограничени количини на црвено месо и живина.

“Како што старееме, мозокот се намалува и ги губиме мозочните клетки кои се одговорни за учење и меморија”, вели авторот на студијата Мишел Лучијано, доктор на Универзитетот во Единбург, Шкотска.

“Оваа студија исто така сугерира дека медитеранската исхрана има позитивно влијание врз здравјето на мозокот”, додава тој.

Истражувачите собрале информации за навиките во исхраната од 967 Шкоти на околу 70-годишна возраст кои не боледуваат од деменција. Од овие луѓе, на 562 им бил скениран волуменот на мозокот со помош на магнетна резонанца. Од истата група, 401 испитаник го направиле скенирањето по втор пат, сите на околу 76 годишна возраст. Мерењата се споредени со тоа колку внимателно учесниците се придржувале на медитеранската исхрана.

Учесниците се разликувале во тоа колку ги следат принципите на медитеранската исхрана. Оние кои недоволно ја следеле оваа диета, биле со поголема веројатност да имаат поголема загуба на вкупниот волумен на мозокот во текот на три години, за разлика од луѓето кои ја следеле диетата повнимателно. Разликата во начинот на исхрана објаснува 0,5 отсто од варијациите на вкупниот волумен на мозокот, ефект кој е сведен на половина од ефектот при нормално стареење.

Резултатите биле исти кога истражувачите ги прилагодиле на другите фактори кои можат да имаа ефект на мозочниот волумен, како што се возраста, образованието и шеќерната болест или високиот крвен притисок.

Истражувачите исто така откриле дека рибата и месото не се поврзани со промените во мозокот, што е спротивно од претходните студии.

“Можно е, другите компоненти од медитеранската диета да се одговорни за оваа врска, или тоа да е резултат од сите компоненти во комбинација”, вели Лучијано.

Лучијано истакнал дека претходните студии се базираат на моменталните мерења направени на мозокот, додека оваа студија ги следи учесниците во текот на подолг период.

“Во нашата студија, навиките во исхраната беа измерени уште пред да се појави промената во волуменот на мозокот, што укажува на тоа дека исхраната има можност да обезбеди долгорочна заштита на мозокот”, вели Лучијано. “Сепак, потребни се поголеми студии за да се потврдат овие резултати”.

Поддржете ја нашата работа: