Местото кое докажа дека може да живееме и без пластика

Селото Аберпорт се наоѓа на самиот брег на морето во западниот дел на Велс. Со векови неговите жители се занимавале во риболов, а денес располага со само неколку колонијални продавници, неколку пабови и еден запуштен хотел.

Во текот на зимата селото е речиси пусто, а поголемиот дел од угостителските објекти се затворени до Велигден.

Сепак, ова мало место е првенец во Велика Британија кога зборуваме за борбата против користење на пластика. Аберпорт последнава недела се најде на насловните страници на скоро сите големи весници ширум светот поради неговото настојување да прерасне во првото село во Велс, и едно од првите во Велика Британија кое е целосно исчистено од пластика.

Жителите на Аберпорт се целосно посветени на својата цел, иако тоа можеби значи дека самите ќе ги сносат некои одредени трошоци.

Оваа кампања е секако важна и поради тоа што Кина неодамна најави дека нема повеќе да превзема пластика од Велика Британија, па така оваа земја нема да биде во можност да ја рециклира целата своја пластика, поточно 500 илјади тони годишно.

Во меѓувреме, семејството на Оливер Кокс, човекот кој води локален мал бизнис во Аберпорт престана да користи пластични цевки и садови, а Мајк Ален, сопственик на London House Stores ја исфрла пластичната амбалажа за млеко и користи стаклена која чини дури 20 отсто повеќе, изјавувајќи за јавноста дека жителите на селото се спремни да ја платат разликата.

Gethin James, сопственик на еден локален паб исто така ги замени сите пластични садови со дрвени, и покрај фактот дека го чини двојно поскапо. Тој исто така ги поттикнува своите посетители да си понесат сопствени садови кога доаѓаат.

Селото го забрани пластичниот прибор за јадење во целост, а дури и црквата учествува во промовирањето на новиот начин на живот. Поштата и аптеката започнале да користат исклучиво хартиени кесички, а селскиот совет одлучи да се постават чешми за питка вода за да се избегне потребата за купување флаширана вода.

Животот во Аберпорт не е секогаш лесен – велат жителите. Работа воглавно нема, а и од она што може да се најде поголемиот дел е сезонска работа. Но и покрај тоа луѓето се весели. Освен што се грижат за планетата, тие се грижат и еден за друг. Покрај тоа што нема воопшто криминал, луѓето се спремни да ги менуваат своите обичаи за општо добро.

Поддржете ја нашата работа: