Метеорски дожд го осветли небото над Кина

Метеорскиот дожд Лирид, минатиот викенд го „запали“ небото над планината Чангбаи, во североисточната кинеска провинција Јилин.

Десетици метеори биле видливи цел час.

Лирид се случува секоја година кон крајот на април, најчесто помеѓу 19-ти  и 23-ти, кога Земјата поминува низ опашката на кометата Тачер.

Метеорските дождови се создаваат кога прашина и други честички се откинуваат од  небеско тела и влегуваат во земјината атмофера паралелно со планетата.

Овие метеори доаѓаат од точка (радијант) која се наоѓа во соѕвездието Лира, по кое овој метеорски дожд го добил името.

Лирид се  забележува околу 2.600 години, што го прави еден од најстарите метеорски дождови.

Поддржете ја нашата работа: