„Microsoft“ ќе пронајде лек за ракот во наредните 10 години

„Microsoft“ најави амбициозен план кој вклучува користење на компјутерски науки за да се ослободиме од ракот во текот на следната деценија.

Тој план вклучува многу амбициозни планови, но сепак еден од најинтересните предлози го вклучува создавањето на ултра мали ДНК компјутери кои ќе живеат во телата на луѓето, следејќи ги клетките на ракот и репрограмирајќи ги во здрави клетки веднаш штом се појават.

„ Сметам дека е многу нормална работа за „Microsoft“ да бара лек за ракот, бидејќи ние имаме огромна експертиза во компјутерските науки и тоа што се случува со ракот е компјутерски проблем. Тоа не е само аналогија, тоа е длабок математички увид. Биологијата и компјутерите се дисциплини кои изгледаат многу различно, но длабоко се поврзани на најосновото ниво“ – изјавува Крис Бишоп од „Microsoft Research“.

За да ја оствари својата цел, „Microsoft“ собрал тим од биолози и комјутерски научници од целиот свет за да работат на различни аспекти од истражувањето за ракот.

Деталите се се’ уште многу мали, но еден тим планира користење на машина за учење и компјутерска визија – каде што комјутерите собираат информации од слики и видеа за радиолозите да можат подобро да разберат како туморот напредува кај одреден пациент.

Друг тим, пак, работи на алгоритми за предвидување на најдобриот план за напад на секој посебен вид на тумор.

Потоа, има уште еден тим кој работи на таа идеја да се направат компјутери од ДНК кои ќе ги следат и репрограмираат клетките на ракот внатре во телото.

И покрај овие различни пристапи, „Microsoft“ вели дека сите проекти, без разлика колку се различни, следат два слични пристапи на компјутерски науки: обработка на информации и машинско учење. Ракот, како и други биолошки процеси, се системи за обработка на податоци. Машинското учење ќе им овозможи на научниците подобро да анализираат милиони области на билошки податоци во потрага по нови пристапи во лекувањето, процес што до неодамна е вршен со рака.

„Важно е да се третира генетиката на ракот, односно гените кои се промениле во геномот. Ако сме во состојба да го контролираме и регулираме ракот, тој станува како секоја друга хронична болест и тогаш проблемот е решен. Тогаш ќе имаме век слободен од ракот“ – изјавува Јасмин Фишер, еден од истражувачите.

Поддржете ја нашата работа: