Морскиот сунѓер е најстариот жив организам на светот

Морскиот сунѓер е најстариот жив организам на светот – е заклучок на научниците од Велика Британија. Со овој заклучок, официјално се затвора долгогодишната расправа по ова прашање.

Неодамна се спроведени геномни анализи кои доведоа до неколку заклучоци, со што научниците едногласно се сложуваат дека морскиот сунѓер е најстариот жив организам, а не медузата како што претходно се мислеше.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Current Biology. Благодарение на новата студија, спроведена од страна на професорот Дејвид Пизани од факултетот за биологија при Универзитетот во Бристол, со голема сигурност е изведен заклучок за прашањето, како настанале најстарите организми на планетата Земја.

Научниците во филогенетското истражување врз основа на анализата на структурните секвенци на биолошките макромолекули (ДНК, протеините и други) заклучија дека морските сунѓери се наоѓаат на дното на генеалошкото стебло на сите животни на нашата планета.

“Хипотезата за тоа, кој од овие два вида на организми најпрво се појавиле, сугерира сосема поинаков развој на клучните органи, како што е нервниот и дигестивниот систем. Да се дознае редоследот, кои од овие организми прво се појавиле е од фундаментално значење за да се сфати сопствената еволуција и потеклото на основните својства на анатомијата на животните”, вели професорот Пизани.

Филогениката е инаку биолошка наука за генетската основа на еволутивните процеси и нивните меѓугрупни разлики. На пример, на ниво на популацијата на видовите, родовите и слично, откриени по пат на молекуларни секвенци и морфолошки матрици.

Индикациите дека медузата е најстариот повеќеклеточен жив организм се појавиле во првата филогенетска анализа која се проширила на животинско потекло во 2008 година. “Оттогаш, располагаме со многу подобра технологија, така што можевме да ја решиме оваа недоумица”, објаснува Пизани.

 

Поддржете ја нашата работа: