Може ли да се направи пиво на Месечината?

СПОДЕЛИ

Помеѓу финалистите на Google LunarX Prize натпреварот е тимот од Калифорнија кој сака да произведе пиво на Месечината. Дел од работата ќе ја завршат на Земјата, а потоа до крајот на годината сакаат да лансираат пивара на Месечината.

Различните мисии предвидуваат враќање на луѓето на Месечината во следните 15 години, а првите луѓе кои ќе се вратат на сателитот може да ги дочека чаша студено Месечинско пиво.

3C6BC88A00000578-0-image-a-11_1485172769941Тимот на студенти од Универзитетот во Калифорнија се натпреварувале со цел да ја постават првата пивара на Месечината, а своите експерименти ги испратиле на леталото на индиската компанија TeamIndus во Google LunarX Prize натпреварот.

За место на леталото се натпреварувале 3000 тима, а овој е еден од 25-те кои ќе полетаат на 28 декември оваа година.

Кога овие студенти слушнале за слободното место на индиското вселенско летало, одлучиле да го спојат своето хоби со натпреварот и да се фокусираат на отпорноста на квасецот во универзумот.

“Да се разбере односот на квасецот на Месечината, не е важно само за произвотството на пиво, туку и за развој на лекови и храна која содржи квасец, како што е лебот“, вели еден студент од тимот.

На Земјата ќе се припрема неферментирано пиво и ќе се испраќа на Месечината. Тимот планира да ги спои ферментацијата и карбонизацијата, кои се инаку одвоени процеси, со цел да го намалат бројот на променливи при креирање на CO2 и да го направат овој процес сигурен.

Дискусија

Коментари