Мозокот на серискиот убиец: Може ли тоа да биде секој?

Како некој човек може да убие друг човек? Има ли тој човек совест? Може ли секој да биде убиец? – Ова се некои од прашањата кои се наметнуваат сами по себе откако ќе слушнеме за некој злостор во детали. Научниците се обиделе да навлезат во мозокот на убиецот, со цел да дознаат, како тие самите на себе си ги оправдуваат таквите извршени постапки.

Во студијата од универзитетот Монаш, научниците го скенирале мозокот на испитаниците и откриле дека клучната улога во тој процес има страничниот орбитофронтален кортекс, кој се активира зависно од тоа дали поединецот мисли дали делото е оправдано или не. Научниците тврдат дека резултатите од истражувањето обезбедуваат увид во тоа како луѓето во одредени ситуации, како војна, можат да извршат ужасни злосторства.

Во студијата испитаниците играле доста реална воена игра во која имале за задача да убиваат цивили и војници, а притоа ја снимале функцијата на нивниот мозок. Кај просечното убивање на цивили и вузуелизирање на истото, страничниот орбитофронтален кортекс покажува значително зголемена активност. Така тој станува област одговорна за морал, односно се активира ако е потребно оправдување на злосторството, додека кај убивањето на војници бил без активност.

Мозокот има одбрамбени механизми со кои се штити самото лице од осуда, оправдувајќи ги злосторствата. На истиот принцип функционира секој мозок, што објаснува зошто убијците немаат грижа на совест, односно се безчуствителни, објаснува лидерот на студијата Д-р. Паскал Моленбергс.

Кај она што луѓето го сметаат за оправдано, во орбитофронталниот кортекс можеби нема активност – но она што се јавува ако нешто мора да го оправдаме.

Во видеото погледнете како функционира мозокот на сериски убиец

Поддржете ја нашата работа: