Кои мутации во гените се одговорни за долговечност?

Генетската тајна на луѓето што ја доживееле 100-тата година, почнува да се разоткрива, навестувајќи дека холестеролот има важна улога во нивната невообичаена долговечност.

Се смета дека генетика е одговорна за 30 проценти од вариабилите на човековата долговечност. Но, досега, само два гена се поврзани со долговечноста, а ниту еден не се покажал доволно влијателен.

Затоа сомневањата одеа во насока дека за долговечноста е одговорна ретка генетска  мутација. Но, стандардните испитувања, каде што се одделуваа само фрагмети од ДНК наместо целиот геном, беа недоволни да се откријат овие мутации.

За да ги откријат непознатите ретки мутирани гени, Тимоти Кеш, од Шпанскиот национален центар за истражување на рак, во Мадрид, и колегите, го одделиле целиот екзом (exome),односно делот од ДНК за дешифрирање на протеини, од три лица од Шпанија-стогодишници и четворица нивни долговечни браќа и сестри. Овие наоди биле споредени со наодите од екзомите на 800 луѓе, за кој се претпоставува дека се со просечен животен век.

Ретки мутации

На еден ген –аполипопротеин Б – забележани се ретки мутации кај сите три долговечни фамилии што не било случај во контролната група од 800 луѓе. Протеинот кој што го создава овој ген помага во пренесувањето на „лошиот холестерол”. Високото ниво на  „лошиот холестерол” (LDL) пак, е поврзано со можноста за добивање срцев удар. Можно е овие мутации да се одговорни за редукција на „лошиот холестерол“.

Тимот сега истражува дали теоријата со холестеролот важи за стогодишниците. Ако се потврди, ова повторно ќе ја афирмира идејата дека доброто здравје на кардиоваскуларниот систем е важен фактор во процесот на стареењето, вели Кеш.

Интересно е дека уште еден ген, за кој е докажано дека има влијание во човечката долговечност,-аполипопротеин Е- ,исто така помага во транспортот на холестеролот. Покрај тоа, корисните варијации на овој ген го редуцираат ризикот од Алцхајмеровата болест за која се смета дека е една од главните причини поврзани со намалувањето на животниот век.

Со долговечноста се поврзува уште еден ген нарачен „FOXO3a“, кој има влијание на човековата осетливост на инсулин.

енаука.мк (реобјавена статија)

Поддржете ја нашата работа: