Начинот на кој одите зборува многу за вашата личност

Начинот на кој одите зборува многу за вашата личност, а за тоа не сте ни свесни. Новото истражување го поврзува брзото темпо на одење со повисокото ниво на екстравертност, совесност, отвореност и пониското ниво на невротичност.

Еден тим од истражувачи од Франција и САД, сакал да осознае како нашата личност влијае на нашиот од со текот на стареењето. Како што објаснуваат во студијата, брзината на одење е знак на здравје во поодминати години. Побавниот од е поврзан со послабо физичко и ментално здравје, нарушени когнитивни способности и зголемен ризик од смрт. Исто така тврдат дека пониското ниво на екстравертност е поврзано со опаднато физично здравје, за кое зборуваат самите испитаници.

За да се испита постоењето на таквата врска, научниците ја споредиле брзината на одот и карактеристиките кај средовечни и постари лица. Личноста е испитувана со помош на прашалник, и секој од испитаниците е оценуван според тестот за големите пет фактори на личноста (eng. Big Five) – естравертност, совесност, отвореност, удобност и невротичност. Брзината на одењето се утврдувала врз основа на нивната вообичаена динамика.

Научниците на само што откриле дека личноста влијае врз брзината на одење, туку откриле и како може да влијае на тоа како нашето одење се менува со текот на времето. Резултатите посочуваат на тоа дека оние луѓе кои имаат високо ниво на екстраверзност, свесност, отвореност и ниско ниво на невротичност, одат побрзо и боледуваат помалку со текот на времето.

Станува збор за многу интересна тема, но во оваа фаза потребни се уште истражувања за да се објасни зошто тоа е така. Дали се се сведува на личноста и нашето однесување, или постои и некој друг биолошки или невролошки аспект на приказната?

Во секој случај, доколку сакате брзо да процените нечија личност, проучете го начинот на кој лицето оди.

 

Поддржете ја нашата работа: