Најбизарните истражувања врзани за храната

Помеѓу разните истражувања за храната има се и сешто. На пример, до сега научниците цврсто докажале дека парчето леб не паѓа секогаш на подмачканата страна.

Исто така, доколку очекувате дека ќе видите нешто изгорено, најверојатно тоа и ќе се случи. Едно истражување открило дека децата кои јадат пилешко, покажуваат повисок степен на агресија, отколку оние кои не јадат.

На жените, оброците со зеленчук им се чинат повкусни отколку на мажите, а она што го јадеме пред купување влијае на тоа што ќе купиме, како што и илустрациите на менито влијаат на нашите одлуки за она што нарачуваме во ресторан.

Голем број од испитаниците во една анкета велат дека јадат три пати на ден, но статистиките покажуваат дека всушност ние немаме цвсти навики и јадеме почесто или поретко. Друго истражување пак, покажало дека течноста во која чуваме кисели краставици, помага при грчеви после напорно вежбање.

Иако постојат голем број на причини зошто не треба да се претерува на внесот на сол во организмот, солта го зајакнува телото и се спротивставува на инфекциите. Луѓето кои не се свесни колку храна внесуваат, не се чувствуваат посити без оглед на тоа дали ќе изедат повеќе или помалку, а што повеќе има храна во чинијата, тоа повеќе и ќе изедеме. Исто така, луѓето помалку јадат во интимна средина.

Погледнете го видеото:

Поддржете ја нашата работа: