Најбрзиот цицач исчезнува со голема брзина

2950
СПОДЕЛИ

Според една студија која зборува за забрзаното намалување на гепардите, ова величествено животно се наоѓа во фаза на изумирање.

Научниците проценуваат дека во дивината на Африка и мал дел од територијата на Иран, живеат само околу 7100 гепарди, а ширењето на човековите населби го бркаат овој предатор од неговото природно живеалиште.

Авторите на студијата повикуваат да се обележи гепардот како загрозен вид, а не како чувствителна раса како што е сега, бидејќи предаторот изгубил веќе 91% од своето природно живеалиште, пишува „Independent“.

„Ова е навистина клучен период за видовите како што се гепардите, на кои им се потребни доста големи области за живот”, вели Сара Дурант, специјалист за овие животни во зоолошкото друштво од Лондон, и лидер на студијата објавена во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“.

Во студијата е наведено и дека, околу 77% од живеалиштата на гепардите се наоѓаат надвор од заштитените зони, поради што е неопходно локалните власти да промовираат толеранција за овој предатор кој понекогаш го лови и добитокот на жителите.

foto-cheetah-berada-di-ambang-kepunahan-1Во Зимбабве, во текот на 16 години, популацијата на гепардите паднала од 1200 на само 170 животни. Нивни младенчиња на црниот пазар можат да донесат до 10.000 долари. Според фондацијата за зачувување на гепардите, во последните 10 години од Африка се прошверцувани околу 1200 младенчиња од овие животни, а од истите 85% починале при самиот пат.

Гепардот е најбрзиот цицач во светот и може да трча со брзина од 29 метри во секунда. Тој се движи полека кога лови и може да ја задржи максималната брзина само неколку стотини метри.

Дискусија

Коментари