Најчести заблуди за астмата

Астмата често се гледа како болест на младите, но тоа е погрешно. Според Центрите за контрола и превенција на болести, 8,6 проценти од децата на национално ниво или 6,3 милиони во моментов имаат астма, во споредба со 7,4 проценти од сите возрасни, или 17,7 милиони. Една нова анкета открива дека ова не е единствената заблуда за оваа состојба која влијае на респираторните патишта. Се чини дека многу од нас не се свесни за некои од нејзините помалку очигледни знаци и симптоми.

Во анкетата учествувале 1002 возрасни лица кои требало да ги идентификуваат потенцијалните симптоми на стмата. Повеќето од нив го издвоиле отежнатото дишење, повеќе од една третина од нив не го споменале постојаното кашлање, а уште помалку болката во градите, проблемите со спиењето или периодичниот бронхитис.

„Многу луѓе имаат астма, а не се свесни за тоа. Многу возрасни лица ги немаат традиционалните симптоми на астма или пак немаат некои од симптомите“, вели д-р Дејвид Бојтер, пулмолог од болницата „National Jewish Health“ во Денвер, Колорадо, САД, која ја спровела анкетата.

„Не е ништо чудно доколку астмата не се манифестира како што е опишано во учебниците. За пациентите, па дури и докторите, оние симптоми што можеби им се чинат невообичаени за астмата, се всушност прилично чести. Токму затоа е потребен специјалист за да ги дијагностицира и третира, објаснува тој.

Астмата и бронхитисот се воспалителни состојби кои ги стеснуваат дишните патишта, додека акутните случаи на бронхитис се обично предизвикани од бактерија или вируси кои најчесто самостојно исчезнуваат. Од друга страна, доколку не се третира астмата може да доведе до многу негативни здравствени како пневмонија, гојазност и проблеми за време на бременоста.

За среќа, иако астмата е хронична и се’ уште неизлечлива болест, може успешно да се управува со различни лекови, промени во животниот стил, како што е вежбањето и избегнување на потенцијални предизвикувачи, како што е загадувањето на воздухот.

Поддржете ја нашата работа: