СПОДЕЛИ

Во текот на изминатите неколку години, видовме безброј истражувања кои покажуваат колку корисна може да биде за нас медитацијата, како може да го промени нашиот мозок, да направи да се чувствуваме подобро и да го подобри нашиот живот.

Но, што да направиме ако таа не делува на нас? Што ако медитациската практика не прави да се чувствуваме нервозно и стресно?

Добрата вест е тоа што не треба да се практикува конкретно медитација за да се постигне внатрешен мир. Постојат и други начини.

Алтернативната метода за медитација која секој може да ја практикува

Ако не сте во можност да медитирате, Д-р. Ема М.Сепала ви предлага вежби за дишење наместо класична медитација.

Таа работела со борците, вратени од војната во Ирак и Авганистан кои се со тешки трауми. Земајќи ги во предвид резултатите, сугерира дека јогата базирана на вежби со дишење може многу да им помогне на луѓето кои биле неактивни подолг период.

Тоа е повеќе активна медитација, бидејќи бара од вас да правите нешто. Тоа доведува до брзи резултати со тоа што дишењето буквално може да го забави отчукувањето на срцето.

Нејзината студија се заснова на едно неделни вежби кои ги практикувале борците.

Како помага дишењето?

Здивот ви помага да допрете до вашиот парасимпатичен нервен систем кој влијае и ја контролира работата на сите останати органски системи со помош на нервите и нивните разграноци. Така, нервниот систем навлегува во сите делови на телото и е во врска со сите ткива и нивните клетки.

Истражувањата покажуваат дека, кога вдишувате се забрзува отчукувањето на вашето срце, додека кога издушувате се забавува. Доколку сакате брза релаксација можете да го продолжите издишувањето за неколку секунди. Ова може да го направите на било кое место и во било кое време.

Како да ги вежбате вежбите за дишење?

Доколку сакате да вежбате секој ден, кликнете на овој водич за вежби кој ќе ви биде од голема корист, и погледнете го видеото подолу:

Дискусија

Коментари