Најголемото летало во светот удри во земја ( Видео )

92-метри долгиот „Airlander 10“ при изведувањето на вториот тест лет на 24 август 2016 година се заби во земја. Иако се видливи одредени оштетувања на кокпитот најважно од се’ е дека нема повредени.

Леталото е комбинација од цепелин, хеликоптер и авион и може да остане во воздух со денови.

„Airlander 10“ е дизајниран да користи помалку гориво од авион, но да носи поголем товар од конвенционалните авиони. Според производителот „Hybrid Air Vehicles“, леталото може да достигне висина од 4.900 метри, брзина до 148 километри на час и да остане во воздух до две недели.

Привично леталото било развиено од војската на САД, со намера да го користи за надгледување на Авганистан. Цепелин програмата на САД била укината во 2013 година и тогаш малата британска воздухопловна фирма „Hybrid Air Vehicles“, со планови за воведување на нова ера во воздухопловството, побарала средства од владините агенции и приватни донатори.

Големиот воздухоплов е базиран во Кардингтон каде се направени и првите британски цепелини за време на и после Првта светска војна. Таа програма била напуштена после несреќата што се случила во 1930 година, каде загинале речиси 50 луѓе, меѓу кои и британскиот министер за воздушен сообраќај.

cepelin

Тој инцидент, заедно со експлодирањето на цепелинот Хиндербург во 1937 година во Њу Џерси, кога загинале 35 луѓе, довеле до забрана на цепелините како начин за транспорт со децении.

За разлика од водородот, гасот кој се користел Хиндербург, хелиумот не е запалив.

Првиот пробен лет што бил изведен во средата (17 Август), првично бил планиран за неделата, но во последен момент бил одложен поради технички проблем.

После првиот успешен лет, производителот беше убеден дека ќе има многу клиенти за цепелинот, како комерцијални, така и воени, бидејќи има потенцијал да собира податоци и да врши надгледувања со денови.

Но дали радоста кратко траеше оставаме времето да покаже.

Поддржете ја нашата работа: