Најмалиот снешко на светот е создаден со користење на скенирачки електронски микроскоп. Операторот на инструментот на Западниот Универзитет во Канада, тврди дека малата скулптура претставува нов рекорд стоејќи на 3 микро метри височина.

Тод Симпсон од Западниот Универзитет создаде оригинален “снешко” случајно во 2005 година, во обид да креира изолирани силиконски сфери тој ги нанел во вид на раствор, врз полимерна фолија, перфорирана со нанометарски дупки. Кога ја отстранил фолијата, сферите останале залепени за основата. Но, во одредени случаи, дупките биле подлабоки и по неколку силиконски сфери останувале залепени. Во редок случај дошло до спојување на три сфери, креираќи своевиден троделен снешко, без раце и лице во оваа фаза.

Оваа година, Симпсон го пронајде стариот примерок и искористи лабораториски инструмент со фокусиран јонски сноп за да ги издлаби очите и устата на снежниот човек. Јонскиот сноп исто така може да се користи за да се депонира платина со цел да нараснат екстремитетите на скулптурата. Секоја силиконска сфера е со дијаметар од 0,9 микро метри, правејќи го снешкото совршен на само 3 микро метри.

Нано-снешкото потсетува на оној создаден уште во 2009 година од страна на Дејвид Кокс, научен соработник од Националната физичка лабораторија на Универзитетот во Сари, Велика Британија. Неговиот снешко беше направен на сличен начин, но беше значително поголем од овој нов – речиси 10 пати поголем од големината на денешниот, нешто помал од 30μm.

Поддржете ја нашата работа: