НАСА ги објави најдеталните слики од Плутон досега

СПОДЕЛИ

Пристигнаа најновите и најдеталните слики од Плутон досега, направени за време на историското прелетување на вселенското летало „Нови Хоризонти“ на НАСА, во јули оваа година.

НАСА ги објави сликите кои покажуваат детали од површината на Плутон, вклучувајќи планини, кратери и полиња со мраз, со резолуција 10 пати подобра од претходните слики.

2479

Овие слики ја покажуваат разновидноста на површината на Плутон и моќта на нашите роботски планетарни истражувачи да вратат интригантни податоци назад на Земјата, вели Џон Грунсфелд, шеф на научниот директорат на НАСА.

Сите бевме воодушевени од она што „Нови Хоризонти“ го постигна во јули и како што леталото ги испраќа сликите назад, продолжуваме да се воодушевуваме на тоа што го гледаме.

2479f

Сликите од „Нови Хоризонти“ го променија сфаќањето на научниците за Плутон, која се сметаше за леден и сув свет. Сликите покажаа знаци за геолошка активност, со докази за тектонско движење во минатото, а можеби и сегашноста, како и движења на кората.

Поради големата оддалеченост од Земјата, како и скромниот предавател, протокот на информации од леталото е бавен и се очекува сите податоци да се пренесат до 2016 година.

„Нови Хоризонти“ продолжува да се движи подлабоко во Кајперовиот појас, или како што астрономите го нарекуваат – третата зона на вселената. Леталото се напојува од нуклеарен генератор кој работи на плутониум и се очекува да работи до 2030-тите години кога ќе се наоѓа на 100 пати поголема оддалеченост од Земјата отколку Сонцето.

Дискусија

Коментари