НАСА го одложи првото лансирање на SLS за 2019 година

Американската вселенска агенција НАСА го одложи за 2019 година, лансирњето на новата ракета  SLS, која би треба да ја постави капсулата Орион во лунарната орбита.

Според плановите на НАСА, првото лансирање на „Space Launch System“ (SLS) требало да биде изведено во ноември 2018 година, но терминот е пролонгиран главно поради технички проблеми во развојот на SLS и Орион, како и поради  оштетувањата на фабриката во Њу Орлеанс, предизвикани од торнадо.

Поради ова одложување, вториот лет на ракетата може да се очекува дури после 2021 година, изјавил портпаролот на НАСА, Вилијам Герстенмајер.

Лансирњето на SLS е дел од долгорочните планови на НАСА, според кои, на крај на Марс би требало да биде лансирано летало со човечка посада. Планираниот буџет за оваа програма до 30 септември изнесува 23 милијарди долари, соопштува НАСА.

Првата верзија на ракетата би требало да има способност да подигне терет од 77 тона во орбитата на Земјата, а во подоцнежните верзии се очекува SLS да може да понесе во орбитата двојно поголем терет.

 

Поддржете ја нашата работа: