НАСА ја повикува Индија на соработка за мисијата на Марс

Лабораторијата за реактивен погон на НАСА (Jet Propulsion Laboratory) упатила покана до вселенските агенции од целиот свет, вклучувајќи ја и Индиската вселенска истражувачка организација (или ИСРО), да се состанат идниот месец во Вашингтон, за да дискутираат за тоа како да работат заедно за остварување на патот до Марс- известуваат агенциите.

Индиската вселенска организација веќе покажа дека има можности  да стигне до црвената планета. Агенцијата потроши само 47 милиони долари за мисијата на Марс (помалку од буџетот на филмот „Гравитација“), каде сондата Мангалијан беше поставена во орбитата на црвената планета во првиот обид. Се чини дека НАСА би сакала да искористи дел од ова знаење со цел  да им помогне на луѓето поскоро да стигнат на црвената планета.

Официјални податоци за разговорите за соработка има многу малку, но според новинските агенции во Индија, НАСА, покрај соработката со ИСРО се надева и на соработката со голем број европски земји, а Индија ќе биде дел од конзорциумот помеѓу САД и Европските држави, меѓу кои Франција и Италија.

Засега е нејасно колку Индија може да придонесе за мисијата, но индиските медиуми се прилично возбудени од можноста индиските астронаути да бидат вклучени во мисијата (во моментов се планира нивната прва човечка мисија во вселената).

Сепак, и покрај тоа што индиските новински агенции тврдат дека „во иднина, Индија и САД би можеле заеднички да го истражуваат Марс“ и дека е можно и еден индиски астронаут да биде дел од мисијата што ќе се упати на црвената планета, сосема е јасно дека нема индиции дека некој странски  астронаут ќе биде вклучен во мисиите на НАСА во скоро време.

Исто така, ова не е прва соработка помеѓу НАСА и ИСРО. Двете агенции потпишаа договор за ко-лансирање на сателит во орбитата на Земјата на 30 септември 2014 година, само неколку дена откако Мангалијан влезе во орбитата на Марс. Но, долгорочната цел секогаш била ИСРО да соработува со НАСА во мисии подлабоко во Сончевиот систем.

Заедничкиот сателитот познат како НИСАР  (или NASA-ISRO Synthetic Aperture Radar) што треба да биде лансиран во 2020 година ќе биде првиот сателит што ќе користи фреквенција од двете држави, со цел да се мониторираат климатските промени и природните катастрофи на Земјата. Но, и покрај изградбата на заедничкиот сателит, кога се работи за црвената планета само астронаутите на НАСА најверојатно ќе се упатат кон Марс, барем засега.

Факт е дека ќе биде потребно што е можно повеќе знаење за да може човечкиот род од нашата планета да се стигне на друга која е оддалечена 225 милиони километри, затоа и не е важно од каде доаѓа тоа знаење.

Поддржете ја нашата работа: