НАСА ќе детектира извори на гравитациони бранови со помош на јастог

Гравитационите бранови се едно од најголемите научни откритија во последниве години, но не е лесно да се откријат нивните извори. Вселенската агенција “Goddard Space Flight Center” во Гринбелт, Мериленд го проучува окото на јастогот, како модел ѕа новиот вселенски инструмент кој ќе биде во потрага по космички настани кои создаваат мистериозен феномен.

Проблемот кај проучувањето на гравитационите бранови е во тоа што тие создаваат ретки високоенергентски феномени како што се црните јами и експлозијата на супернови. Тоа ѕначи дека астрономите мора да го пронајдат изворот пред да знаат каде да бараат бранови.

Затоа НАСА спроведува студија за функционалност на инструмент за транзиентна астрофизика на Меѓународната вселенска станица (ISS-TAO). Се прават уште два слични експерименти, а вселенската агенција во 2019та година ќе одлучи кој од трите ќе се изгради и ќе биде испратен во универзумот.

Лево и во средина: око на јастог; Десно: Микроканални плочи направени од човечка рака

Идејата е да се создаде инструмент кој може да се испрати на ISS или сателит кој може да го следи целото небо во потрага по сигнали на рентген и гама зраци поврзани со типот на високо енергетски настани кои генерираат гравитациони бранови.

Пожелно е ова да се случи во широк распон на електромагнетни спектар, бидејќи секоја бранова должина носи други информации за својствата на изворот, вклучувајќи го и неговиот состав, температура и брзина. Инструментот не само што ќе бара преодно зрачење, туку точно ќе ги лоцира рентгенските потписи на изворот на гравитационите бранови, така што и другите опсерватории ќе се приклучат на студијата.

Новиот инструмент на НАСА, наречен X-ray Wide-Field Imager (WFI), се разликува од постојните интерферометриски објекти на LIGO и Virgo по тоа што ќе користи оптика која се темели врз основа на окото на јастогот што ќе му овозможи скенирање на голем примерок од небото и одредувањето на локации на Х-зраците.

Јастогот е ловец кој ѓивее во екстремно опасни средини и се соочува со постојана закана, не само од поголемите предатори, туку и од други јастози кои се територијални канибалисти. Поради ова, јастогот има развиено архитектура на окото со други рамни клетки кои рефлектираат мала количина на светлина од дадена насока, што им овозможува широк поглед фокусиран на една слика и способност да гледаат во целосна темнина.

Пристапот на НАСА е да се создаде нова оптика за WFI која се потпира на тенки, заоблени плочи од материјал со мали цевчиња преку површината на микроканалните плочи, кои се слични на клетките кои се наоѓаат во окото на јастогот.

Според агенцијата, Х-зраците кои влегуваат во овие цевки од различни агли се фокусирани и прескокнуваат по површината на квадратните цевки. Ова може да изгледа комплицирано, но тоа е неопходно затоа што рендгенските зраци не можат да се рефлектираат или да се скршат како видливата светлина.

 

Поддржете ја нашата работа: