НАСА планира да испрати автономна подморница за истражување на Титан

НАСА планира да испрати паметна подморница на Титан – месечината на Сатурн, што ќе може самостојно да врши истражувања на длабочините на нејзините океани.

Подморницата ќе врши истражувања на океаните од течен метан и етан што ја покриваат површината на месечината и ќе испраќа валидни податоци до Земјата, објави Џејсон Хатвиг од НАСА на Симпозиумот за Иновативни напредни концепти минатата недела.

Автономната подморница на својот грб ќе носи огромна „перка“ за комуникација што ќе и овозможи директно да комуницира со приемниците на Земјата, на далечина од околу 1.429 милиони километри.

Подморницата со должина од 6 метри, ќе користи интересен баласт систем – ќе зема течност кога треба да потоне, а ќе испушта кога треба да се подигне. На Титан нема да има никаков резервоар за гориво, така што потрошувачката на што е можно помалку енергија ќе биде од клучно значење.

titan-design

Како што може да се очекува, подморницата ќе биде опремена со сите можни метеоролошки алатки, меѓу кои голем број на сензори и радари, како и сонори и камери, за да направи најдобра слика за тоа како навистина изгледа Титан.

Месечината да е екстремно студена и покриена со течен метан и цијанид, но, за научниците е интересна затоа што наликува на раниот период од развојот на Земјата.

Покрај Земјата, Титан е единственото тело во Сончевиот систем со стабилни течни мориња на својата површина. Неговата атмосфера функционира на сличен начин како нашата, со хидролошки циклуси кои можат да се споредат со тие на Земјата, кои објаснуваат на кој начин водата се движи помеѓу слатка и солена или помеѓу течна и смрзната.

Една од главните придобивки при користењето на подморница како средство за истражување на Титан е нејзината повеќенаменска употреба. Кога се наоѓа на површината таа ќе врши мерење на брановите, атмосферата и ветрот, а кога ќе потоне може да го тестира составот на течноста низ која поминува и да зема примероци од морското дно.

За конечниот дизајн на подморницата ќе се почека, за да се види што друго ќе открие леталото Касини во врска со Титан и неговите мориња.

Повторна проценка на проектот се очекува да се направи во март 2017 година, кога врз основа на добиените податоци од Касини ќе се направи соодветна адаптација на подморницата.

Се очекува првата мисија на подморницата да биде изведена во 2038 година.

Поддржете ја нашата работа: