Нашето Сонце влегува во нова фаза

Нашето Сонце влегува во т.н. соларен минимум, кога се менува и активноста на неговата површина.

Иако во оваа етапа интензивни соларни активности, како сончевите дамки и сончевите блесоци има сѐ помалку, тоа не значи дека Сонцето е во мирување. Сончевите активности само ја менуваат формата.

Според НАСА, бројот на сончевите дамки бил релативно висок во 2014 година и сега се движи кон најниската точка што се очекува во 2019-2020.

Во текот на соларниот минимум може да се очекува и појава на долготрајни коронални дупки. Короналните дупки се забележуваат  во текот на целиот соларен циклус, но за време на соларниот минимум тие може да траат долго време-шест месеци или подолго, вели Дин Песнел од Центарот за вселенски летови Годард на НАСА.

Короналните дупки претставуваат големи региони во сончевата атмосфера каде магнетното поле на Сонцето се отвора и овозможува солрните честички да избегаат од Сонцето во вид на брз соларен ветер. Кога соларниот ветер ќе го погоди земјиното магнетно поле може да е причина за појава на геомагнетни бури, аурори и нарушувања на комуникациските и навигациските системи, па дури и да го наруши движењето на вселенскиот отпад што кружи околу нашата планета.

Сонцето поминува наизменично низ 11-годишни циклуси на зголемена и намалена активност.

 

Поддржете ја нашата работа: