Македонски студенти на чекор до НАСА – Гласајте за поддршка

AVIS NASA Space App Chalenge

На неодамна одржаниот натпревар „NASA Space Apps Challenge“, група студенти од Македонија, во конкуренција од над 1200 учесници, успеаја да влезат помеѓу 25-те финалисти. Тие го завршија својот дел од задачата, а сега на нас останува да гласаме за нив и да им помогнеме да го остварат својот сон!

ГЛАСАЈ!

Проектот го претставува прототипот на апликација за уникатна и едноставна контрола на дрон летала, со помош на “паметна“ нараквица и мобилен телефон.

Имено, апликацијата овозможува контрола на дронот преку следење на движењата кои ги регистрира сензорот во нараквицата. Практично, корисникот леталото може да го контролира со движење на раката.

Подетално за целиот проект може да се информирата и да гласате на следниот линк:

https://2016.spaceappschallenge.org/challenges/aero/dont-crash-my-drone/projects/avis-liberta

Гласањето е отворено до 15-ти мај и дозволено е секојдневно да се доделува по еден глас за проектот. Моментално се во трка за прво место, па да помогнеме заедно да се направи реалност овој нивни сон.

Поддржете ја нашата работа: