Наскоро ќе може да се проверува квалитетот на спермата на мобилен телефон

Создаден е систем кој го проверува зравјето на спермата со 98% точност.

Бостонскиот истражувачки тим креирал систем кој со комбинација на мобилна апликација и еден хардверски додаток ја испитува подвижноста и концентрираноста на спермата. Иницијативата за овој изум се темели врз драстичното намалување на трошоците, велат научниците.

Паметен телефон, денес има речиси секој, а наведената мобилна апликација и харверскиот додаток немаат многу висока цена.

За ова да се случи, мора да се причека за понатамошната доизработка на прототипот и да се побараат релевантни регулативи за дозвола. Во најидеале случај комплетот би требало да биде достапен на пазарот во наредните неколку години. Иако веќе постојат домашни комплети за тестирање на плодноста, овој сепак е прв кој може да ја анализира концентрацијата на спермата, што е важно за плодноста.

“Ние веќе имаме на пазарот различни производи за тестирање, наменети за женскиот дел од популацијата, но за мажите не е така лесно. Сакавме да го намалиме тој јаз за да им помогнеме на пациентите да дознаат каде лежи проблемот и понатаму што да превземаат“, вели еден од авторите на истражувањето.

Еден од проблемите е тоа што во јавноста на неплодноста се гледа како примарно за женски проблем и дури 25 отсто од случаевите нема ни тестирање за плодност на мажите. Индикаторите сепак велат дека дури 40 до 60 отсто од паровите се борат со неплодноста.

Овој комплет за сега нема име, но освен апликацијата постои хардвер кој има оптички додаток за камерата на смартфонот и микрочип.


Употребата е едноставна: Примерок од сперма се остава на чипот за еднократна употреба и се става во слотот за оптичка анализа кој е монтиран на паметниот телефон. Со отварање на апликацијата се водите чекор по чекор за тестирањето, а потоа одлучувате дали сакате да го зачувате резултатот или не.

Поддржете ја нашата работа: