Насоката на лидерството во 21 век

Интересот за лидерството постои од појавата на првобитната заедница па до денес. Меѓутоа може да се каже дека никогаш не постоела поголема потреба за ефективно лидерство како што постои во овие времиња на се’ поголеми турбуленции, комплексност и неодреденост на опкружувањето во кое се појавуваат современи формации.

Ништо во 21-виот век не е како што некогаш било, се константно тече и се менува. Тоа е реалноста со која новата генерација на лидери мора да се соочи.
Лидерите на 21-виот век кои се однесуваат кон промените како кон непријатели, не се успешни лидери. Промената е константна и успешните лидери на новото време мораат постојано да се менуваат во согласност со променливото опкружување. Ако промените и новите трендови не се истражуваат во доволна мера, тогаш неуспехот е загарантиран.

Како основни факти кои треба да се земат предвид при разгледување на лидерството на 21-виот век можат да се наведат:

  • Ништо не е едноставно во новото време – ништо не е стабилно, опкружувањето се менува пред нашите очи и тоа рапидно, брзо, радикално, драматично и зачудувачки.
  • Што и да правиме не е доволно – во новото време мора да се прилагодиме, мора да се креираат промените, и тоа големи промени -тоа многу брзо.
  • Се што постои е под знак прашање – старите начини на раководење, организирање, традиционално планирање и контрола едноставно повеќе не функционираат.
  • Се е подложно на промени – не само што мораат да се менуваат постапките и делата, туку треба да се менуваат и луѓето.

Мора да се променат и подобрат резултатите во новото време. Сега повеќе нема традиција во постапките, нема испробани формули. Сегашноста всушност се’ уште не е видена. Лидерството и лидерите се феномени кои во последниве децении добиваат се поголемо значење. Лидерството како феномен е поврзано со промените.

 

Поддржете ја нашата работа: