Научник на денот: Мајкл Фарадеј

Тој бил син на ковач и неговото семејство било исклучително сиромашно. На 12-годишна возраст тој почнал да разносува весници, а на 14-годишна станува книговезец. Тој го проучувал магнетното поле околу жицата низ која тече електрична струја и го формулирал поимот електромагнетно поле во физиката. Исто така ја открил електромагнетната индукција, димагнетизмот, законот за електролиза и врската помеѓу магнетното поле и светлината. Тој го открил и бензенот.

До денешен ден важи за еден од најдобрите експериментатори во историјата на науката. Станал технички набљудувач во лабораторијата на Кралскиот институт и објавил два научни труда – за „ротацијата“ на струјата околу магнетот и за вртењето на магнетот околу струјата. На 2 јуни 1821 година, склучил брак со Сара Барнард (1800-1879), со која се запознал во црква, која и двајцата ја посетувале. Фарадеј бил многу религиозен христијанин.

Во периодот до 1821 година објавил околу 40 научни труда. Во тоа време почнува сè повеќе да се интересира за струјата и магнетизмот, како и за врската помеѓу нив.

Здравјето на Фарадеј почнало да се нарушува, најверојатно од постојаните ментални тензии.

Во 1855 година, неговото здравје се влошува и тој бил прунуден да се откаже од интензивна научна работа. Тој значително ја изгубил телесната тежина и почнал да ја губи меморијата. Мајкл Фарадеј починал на 25 август 1867 година.
Денес, единицата мерка за електричен капацитет го носи неговото име – Фарад (F), како и ротацијата на рамнината на поларизација на светлината во магнетно поле – Фарадејев ефект.

Во видеото можете да погледнете неколку факти за електромагнетниот пулс и Фарадејовиот кафез.

 

Поддржете ја нашата работа: