Научник на денот: Питер Хигс

Питер Хигс, роден на 29 мај 1929 година, е британски теоретски физичар, нобеловец и почесен професор на Единбуршкиот универзитет.

Тој е најдобро познат по неговата работа во 1960-тите години на теоријата денес позната како „Хигсов механизам“, која предвидува постоење на Хигсов бозон (понекогаш популарно наречен „Божја честичка”). Општо е прифатен и како клучен елемент во Стандардниот Модел во физиката на честичките. Според стандардниот модел, механизмот Хигс е средство со кое основните честички од стандардниот модел ги стекнуваат нивните индивидуални маси.

Постоењето на Хигсовиот бозон е експериментално потврден во 2012 година од страна на експериментите на „ATLAS“ и „CMS“ на Големиот Хадронски Судрувач на Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) во близина на Женева, Швајцарија. Како резултат на оваа експериментална верификација на 40-годишното неговото предвидување, следната година (2013) Хигс ја доби Нобеловата награда за физика (заедно со Франсоа Енглерт).

Откривањето на Хигсовиот бозон ја верификуваше последната нетестирана област на Стандардниот модел за основните честички и сили, а сега ги инспирира научниците за уште подлабоки теории и откритија во физиката на честички.

Хигс докторирал молекуларна физика на Кралскиот колеџ во Лондон, каде што ја напишал својата теза на проблеми во теоријата на молекуларни вибрации. Тој бил и претседател на Институтот за теоретска физика во Единбург, соработник на Кралското друштво и станал соработник на Институтот за физика во 1991 година. Тој се пензионирал во 1996 година, кога станал почесен професор на Универзитетот од Единбург. Во 2012 година, Универзитетот во Единбург го основал Хигсовиот  центар за теоретска физика.

Во прилог на Нобеловата награда за физика во 2013 година, Хигс заработил многу други награди, како наградата „Сакураи“ во 2010 година, наградата „Wolf“ за физика 2004 година и медалот „Дирак“ во 1997 година.

Поддржете ја нашата работа: