Научниците го откриле најголемиот расед на Земјата

За прв пат научниците откриле постоење на отворен расед на Земјата, со што би можело да се објасни како се формирал 7,2 км. длабокиот амбис во Тихиот Океан.

Овој масивен расед е откриен на дното на Бандското Море, во источна Индонезија и поминува низ озлогласениот Огнен прстен – еден огромен регион каде се случуваат речиси 90 проценти од сите земјотреси во светот и каде се наоѓаат 75 проценти од активните вулкани.

Речиси еден век истражувачите знаат за огромниот амбис -„Weber Deep“ што се наоѓа во близина на островите Малуку во Индонезија, кој ја формира најдлабоката точка во океаните на Земјата, а не се наоѓа во рамките на ров, но сѐ досега никој не знаеше како се формирал.

Геолозите од Австралискиот Национален Универзитет во Канбера и од Ројал Холовеј Универзитетот во Лондон, направиле истражување преку анализа на картите од морското дно во регионот на Бандското Море во Тихиот Океан и откриле дека на карпите од морското дно се наоѓаат стотици паралелни бразди.

Симулациите покажале дека огромно парче од кората – поголемо од територијата на Белгија, во одреден момент било раздвоено со голем процеп или расед во океанските плочи, при што се формирала длабока депресија во морското дно.

Оваа активност го оставила зад себе најголемиот расед што некогаш е детектиран на Земјата, што нучниците го нарекле Бандски расцеп (Banda Detachment).

Симулациите исто така покажале дека кога се случила оваа пукнатина на морското дно, Бандскиот расцеп се протегал на 60.000 квадратни километри.

Оваа хипотеза била потврдена на самото место, кога истражувачите идентификувале испакнатини во водата кои биле формирани како последица од Бандскиот расцеп.

pownall

Според истражувачите, фактот дека амбисот „Weber Deep“ е формиран на местото на изложеност на „Бандскиот расцеп“ (односно на местото каде што тој е отворен), може да им помогне да откријат на кој начин се формирал.

Ова откритие исто така може да им помогне на геолозите да ги предвидат движењата во еден од тектонски најактивните региони во светот – Огнениот прстен во Тихиот Океан, кој се протега на 40.000 км. исполнет најмалку со 452 вулкани, што сочинува приближно 75 проценти од вкупниот број во светот.

Истражувањето е објавено во „Geology“.

Поддржете ја нашата работа: