Научниците го создадоа најсилниот и најлесниот материјал на Земјата

1356
СПОДЕЛИ

Со години, научниците знаеле дека јаглеродот, кога ќе се подреди на одреден начин, може да биде многу силен. Пример за тоа е графенот. Графенот, кој досега беше најсилниот материјал познат на човекот, е изработен од исклучително тенок лист на јаглеродни атоми наредени во две димензии.

Но, има еден недостаток: иако е познат по својата тенкост и уникатни електрични својства, многу е тешко да се создадат корисни, три-димензионални материјали од графен.

Сега, тим на истражувачи од Институтот за технологија во Масачусетс откриле дека доколку земат мали снегулки од графен и ги спојат во мрежаста структура, не само што се задржува силата на материјалот, туку графенот исто така останува и порозен.

Врз основа на експерименти спроведени на 3Д печатени модели, истражувачите утврдиле дека овој нов материјал, со својата посебна геометрија, е всушност посилен од графенот, што го прави 10 пати посилен од челикот, со само 5 проценти од својата густина.

Откривањето на материјал кој е екстремно силен, но исклучително лесен, ќе има многубројна примена.

„Новите откритија покажуваат дека клучниот аспект на новите 3Д форми повеќе зависи од нивната необична геометриска конфигурација отколку од самиот материјал, што укажува на тоа дека слични, лесни материјали може да се направат од различни материјали со создавање на исти геометриски карактеристики“ – известуваат од Институтот.

Подолу може да видите стимулација на резултатите од тестовите на компресија (горе лево и i ) и истегнување (долу лево и ii ) на 3Д графенот:

3-d-graphene-tests

„Може да го користите вистинскиот материјал графен или пак геометријата која ја откривме со други материјали, како полимери или метали. Може да го замените самиот материјал со било што. Геометријата е доминантниот фактор. Тоа е нешто што има потенцијал да се трансформира во многу работи“ – вели Маркус Буелер, шеф на одделот и професор по граѓанско и инженертво на животна средина на Институтот за технологија во Масачусетс.

Големите структурни проекти, како што се мостовите, може да ја следат оваа геометрија за да се осигураат дека структурата е цврста и стабилна.

Изградбата може да биде полесна, со оглед на тоа што материјалот кој би се користел би бил значително полесен. Поради порозната природа, исто така може да се примени и на системите за филтрирање.

Оваа статија првично е објавена во „ Futurism“.

Дискусија

Коментари