Научниците направиле вештачки јајници

Нучниците од Универзитетот Нортвестерн во САД  успеале да направат вештачки јајници. Глувци, на кои хируршки им биле отстранети јајниците и заменети со вештачката структура успеале да добијат потомство по природен пат.

Вештачката структура, во вид на речетка која може да држи фоликули во кои има јајни клетки,  е изработени од желтин со помош на 3Д печатач.

Image result for Ovary

Желатинот е хидрогел направен од колаген, кој природно го има во човечките коски и кожата и е безбеден за користење во внатрешноста  на телото.

Професорката Тереза Вудфорд, членка на тимот вели дека со помош на биоинжинериг успеале да создадат вештачки структури кои се потолно функционални.

Во трудот што е објавен во списанието „Nature Communications“, се наведува дека функцијата на јајниците кај хируршки стерилизирани глувци била целосно обновена.

Научниците истакнуваат дека со помош на оваа техника би можело да се лечи женски стерилитет предизвикан од терапиите за рак.

Сепак, научниците нагласуваат дека се потребни понатамошни истражувања со цел да се утврди дали вештачките јајници би функсионирале на ист начин и кај луѓето и дека не постои ризик од развој на несакани последици.

Поддржете ја нашата работа: