Научниците откриле одлично сочувани коски и мозок во златна мумија

Во кинеската провинција Хебеј, во храмот Дингхуи, експертите ги прегледале посмртните останки на познатиот будистички монарх Ci Xiana. Со помош на КТ скен откриле дека во мумифицираното тело старо 1000 години постојат одлично сочувани коски и мозок.

Ci Xian бил свештеник кој патувал од античка Индија до Кина со цел да го проповеда будизмот. Според историските книги тој потекнува од Индија. Бил преведувач. Поминал 10 важни будистички учења (сутри) на кинески јазик. Некои негови преводи биле врежани на камени плочки кои и денес можат да се видат. Откако починал, освен тоа што неговите ученици го сочувале неговото тело, за него ништо друго не се знаело со години. Неговите остатоци се пронајдени во една пештера во 1970та година.

Свештеникот од храмот во Дингхуи вели дека кинеските свештеници го сочувале телото на својот учител со помош на природни средства. По неговата смрт, остатоците биле сместени во големи тегли исполнети со анти-корозивни средства. По три години остатоците биле извадени од таму со цел да се види дали телото е гнило. Неговите ученици веруваат дека, доколку некој свештеник, односно после три години од неговата смрт не гние тоа значи дека тој во неговиот живот достигнал некое одредено духовно ниво.

На настанот каде се снимало телото биле присутни свештеници, медиуми и верници. На изненадување на присутните, горната вилица, горните заби, ребрата, ‘рбетот и зглобовите биле одлично зачувани.

Телото на Ci Xian било однесено во храмот Дингхуи од 2011та година. Свештениците на него одлучиле да стават слој од злато за да ја искажат својата почит кон него. Телото набрзо ќе биде преместено во Шенду храмот на планината Ксиангтанг кој во моментов е во изградба.

Поддржете ја нашата работа: