Научниците откриле вируси кои меѓусебно комуницираат

СПОДЕЛИ

На списокот од случајни научни откритија, израелските научници додадоа уште едно. Тие за прв пат откриле вируси кои оставаат пораки на други вируси.

Она што го прави откритието извонредно е тоа што научниците очекувале некаков вид на постоечки систем за комуникација помеѓу видовите на вируси. Ако ова е точно, научниците ќе имаат подобар пристап за напад на катастрофалните вируси, како што се ХИВ и херпесот.

Истражувањето започнало кога Ротем Сорек и неговите колеги, од Вајцман институтот за наука ја надгледувале комуникацијата помеѓу бактериите. Тие проучувале како вирусите ја напаѓаат бактеријата наречена Bacillus subtilis за која под одредени услови знаеле дека комуницира со вирусот.

Феноменот наречен quorum sensing, и помага на бактеријата да го контролира нивното однесување, базирано на бројот на други бактерии кои се наоѓаат наоколу. Кога патогената бактерија ќе одлучи да го нападне својот домаќин, тоа доведува до развивање на болести. Она што е ново, е тоа што научниците забележале дека вирусите комуницираат подеднакво исто како и бактериите.

Вирусите ја напаѓаат бактеријата на два начини. Во поголем дел од случаевите тие влегуваат во клетката на бактеријата и го уништуваат нејзиниот механизам за усовршување, пред таа да умре или експлодира. Понекогаш тие го внесуваат нивниот геном во бактеријата и чекаат знак од животната средина за да подоцна се размножат и развијат.

Претпоставката на Сорек била дека, колку повеќе вирусот ја напаѓа B. subtilis бактеријата, таа развива начин за предупредување на другите бактерии кога вирусот ќе нападне. За да го испита овој процес, Сорек земал вирус, наречен phi3T и го додал во колба полна со B. subtilis бактерии. Како што очекувал, вирусот уништил поголем дел од бактериите.

За да разбере дали се случува хемиска сигнализација, Сорек ја филтрирал смесата за да ги отстрани бактериите и вирусот, оставајќи во колбата само протеини. Потоа ја додал протеинската смеса во колба која содржи нови B. subtilis бактерии. На негово изненадување, овој пат кога го додал вирусот phi3T во истата колба, вирусот направил нешто друго. Наместо да ги убие како во минатиот случај, тој додал дел од геном во бактеријата.

Тоа значи дека за Сорек останала мистерија која треба да се реши, бидејќи како што бактериите разговараат едни со други, нешто во протеинската смеса ги прави вирусите да го сменат начинот на однесување и нивниот начин за напад.

После повеќе од две години истражување на протеинската смеса, Сорек доставил извештај до списанието Nature, дека тој и неговиот тим откриле протеин кој вирусите го користат за меѓусебна комуникација. Овој протеин го нарекле arbitrium, кој е латински збор за одлука.

Сорек верува дека, кога ќе се изгради нивото на arbitrium, вирусите ја менуваат нивната стратегија од убивање на клетки до инјектирање на нивниот геном.

Иако вирусите претставуваат најпримитивна форма на живот, тие инфицираат и штетат на милиони луѓе секоја година. Можноста за прислушување на комуникацијата на вирусите е возбудлива за научниците, бидејќи нуди нови гледишта за производство на лекови кои можат да ги поразат.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ