Научниците планираат да заробат брод во ледот на Арктикот

Polarstern е 120 метри долга направа за кршење на мраз кој до 2019 година ќе исплови до Арктикот, со цел детално да ја истражи таа територија. Планот е да се зароби брод во ледот, и со него да се плови 2.500 км. во период од една година.

Овој потфат треба да ни обезбеди потполно нови информации за климатскиот состав. Експертите од 12 земји ќе ги проучуваат локалните води и ќе собираат податоци за атмосферата со цел подобро да се разберат климатските промени и да овозможат точни предвидувања за предвидување на времето.

Модераторот на овој проект Маркус Рекс вели дека ова е единствениот начин да се истражи Северниот пол во текот на зимата, бидејќи мразот е невозможен да се пробие, а употребата на моторни санки ќе биде опасна поради тешката опрема која со нив не може да се транспортира.

Рекс на експедицијата планира да тргне во летниот период, а до крајот на ноември треба да бидат заробени во мразот. „Тогаш ќе ги исклучиме моторите и ќе лебдиме заедно со мразот, на кој во меѓувреме ќе поставиме сателитска истражувачка станица во опсег од 30 километри.“ вели тој.

Ова всушност е втор таков обид. Првиот се одржа во 1839 година, под раководство на норвешкиот истражувач Фридтјоф Нансен, кој го зароби неговиот брод Frahm во мразот со надеж дека ќе го однесе до Северниот Пол. Иако Нансен залута, а притоа ја прекина мисијата, заврши блиску до Гренланд и покажа дека делови од Арктикчкиот лед полека се движат на југ.

На оваа експедиција, научниците очекуваат екстремно ниски температури, долги ноќи во текот на зимските месеци и поларни мечки.

Поддржете ја нашата работа: