Научниците претставија нов детектор на лаги за употреба во аеродромите

СПОДЕЛИ

Во Канада веќе започнаа со тестирање на роботски киоск кој се нарекува „Automated Virtual Agent fot Truth Assessment in Real Time“ (AVATAR).

Научниците се надеваат дека овој киоск наскоро ќе им помага на агентите во пронаоѓањето на криминалци и потенцијални терористи.

Овој робот користи софтвер за анализирање на очите и мноштво на сензори за откривање на физиолошките знаци кои укажуваат дека одредено лице лаже.

Научниците од Универзитетот во Аризона за прв пат го претставија во 2012 година, а оттогаш стана уште понапреден, доби додатни сензори и способност за анализирање на податоци.

„AVATAR“ е киоск, сличен на оној на аеродромот или во продавница, вели проф. Арон Елкинс од универзитетот во Сан Диего. „Meѓутоа, на екранот на овој киоск се наоѓа лице кое патниците им поставува прашања и може да открие психолошки промени и промени во однесување во текот на разговорот“, додава тој.

Системот може да открие промени во гласот, очите, гестикулациите и ставот. Кога патникот ќе дојде до киоскот, тој му поставува прашања како што се: „Дали носите храна во багажот?“ или „Дали носите оружје?“ и слично.

За време на разговорот „AVATAR“ употребува софтвер со кој ги анализира очите, движењето и притисокот за да открие дали лицето ја зборува вистината или само му е незгодно. За да направи разлика од лицето кое лаже и лицето на кое му е непријатно, киоскот користи и понекое едноставно и вообичаено прашање.

Истражувачите сметаат дека „AVATAR“ ќе има широка примена. „Тој може да се користи, не само на границите туку и во спроведување на законот и интервјуата за работа“, вели Елкинс.

Научниците и понатаму продолжуваат со лабораториски тестирања на „AVATAR“, и тестирања на граничните премини и аеродромите.

Дискусија

Коментари