Научниците пронашле нешто необично во мозокот на психопатите

Психопатите се несватена група на луѓе. Некои се лоши, а некои не, но во основа се чини дека овие се посебни луѓе со неразбирливи мотиви.

Новата студија која е спроведена од страна на тим од научници од Универзитетот Харвард, ги разјаснила темелните причини за психопатија. Објаснувајќи ги своите наоди во списанието Neuron, истражувачите опишуваат дека откриле невролошко поврзување кое психопатите ги прави импулсивни, а понекогаш и безобразни.

Иако во претходните студии беше претпоставено дека недостатокот од емпатија е линк кој предизвикува несовесни избори и акција, овој тим вели дека клучут сепак се наоѓа во краткотрајната награда како мотивација која стои зад нивните одлуки.

“Бидејќи одлуките на психопатите е она што предизвикува проблеми, се обидовме да разбереме што се случува во нивниот мозок кога носат одлуки кои вклучуваат компромиси помеѓу губитокот и предноста од нивното делување”, вели авторот на студијата Џош Бакхолтс, професор по психологија.

За да го постигнат тоа, неговиот тим применил мобилен скенер за мозок на 50 затвореници кои во минатото покажале психопатска тенденција. Додека биле изложени на магнетна резонанца добиле тест за одложено задоволство, при што морале да одлучат дали веднаш ќе земат пари од купот, или ќе почекаат за да добијат повеќе пати за неколку часа.

Поимпулсивните, и повеќе психопатски настроени лица го сакале ова задоволство многу порано, како и што се очекувало. Лицата со високи резултати на психопатија покажале поголема активност во областа на мозокот поврзана со непосредната награда.

Додека размислувале за своите одлуки, МРИ скенерите снимиле две клучни подрачја од мозокот – едно поврзано со менталното патување низ времето кое ни овозможува размислување за идните последици од нашите постапки, и друго поврзано со непосредно донесување на одлуки.

Психопатијата е лошо дефинирана состојба. Не е препознатлива, ниту може да се опише само со едно обележје. Станува збор за тенденција на некое лице да покаже низа од сродни особини и однесување. Тоа вклучува и недостаток на емпатија, способност за емоционално отцепување, неприфаќање на авторитет, недостаток на страв, совест и слично.

Сепак, ниту една од овие карактеристики, автоматски не ги прави психопатите луди, или лоши, иако се чини дека оние со висока психопатска тенденција изгледаат немилосрдни или студени.

На крајот, ова истражување ја менува играта. Треба да се нагласи фактот дека мозокот на психопатот не е нерешлива енигма. Тие се само поинакви, и тоа само по себе не ги прави лоши туку само различни. Тие се само луѓе кои носат лоши одлуки – објаснува Бакхолтс.

Поддржете ја нашата работа: