Научниците се обидуваат да вратат во живот изумрен вид на огромно говедо

1271
СПОДЕЛИ

Научниците се сѐ поблиску до тоа да вратат во живот еден стар вид на диво говедо познато како тур.

Ова говедо било распространето низ шумите во Европа, а последниот примерок загинал во шумата Јакторов во Полска во 1627 година.  

Тие биле со висина од околу 2,13 метри и тежина од околу 1.000 килограми.

Од 2009 година, европски научни тимови одгледуваат говеда кои сѐ уште носат ДНК од тур. Во две одделни програми се прават обиди, преку размножување да се „оживее“ верзија од тур.

Едната од нив е „Операција бик“, каде се одгледани 300 телиња со ДНК од тур. Одбрани се раси говеда кои имаат одредени карактеристики на тур и секоја нова генерација од телиња е послична на оригиналот во изгледот, однесувањето и генетскиот состав. Меѓу избраните раси се Маремана и Подолика од Италија и расата Буша од Балканот.

Втората програма е „Проектот бик“ во Португалија, каде исто така се прави вкрстено одгледување, во обид повторно да се создаде ова животно.

Двете програми се дел од проектот „Rewilding Europe“, што има за цел да ги возобнови исчезнатите европски видови, што би било корисно за животната средина, но и локалниот туризам.

„Дивите говеда се едни од видовите кои го обликувале европскиот пејсаж во текот на стотици илјади години. Кога нема големи хербивори, тогаш шумите се обновуваат многу брзо. Големите тревопасни животни одржуваат отворени големи делови од земјиштето и создаваат разновидност во пределите, што им помага на илјадници видови растенија, инсекти и други животни“, вели Вутер Хелмер, основачот на „Rewilding Europe“.

Дивите говеда често се појавуваат во пештерските цртежи низ Европа, што укажува дека  биле значаен дел од земјоделието, што е уште една причина зошто научниците сакаат повторно да ги вратат во живот.

cave-painting

На листата на животни за повторно враќање во живот се и волнениот мамут и моа – вид  гигантска птица што не летала.

Текстот е објавен во „Business insider“.

Дискусија

Коментари